Со малку задоцнет туристички бран, Охрид за време на продолжениот викенд го посетија повеќе од 30.000 гости, изјави Гоце Симоновски, раководител на секторот за економски развој и туризам во Охрид. Хотелските објекти и приватното сместување во текот на викендот беа целосно исполнети, имаме најави на странски туристи од Холандија, Србија, Турција, Црна Гора. Во август очекуваме зголемен број на туристи во споредба со месец јули. Тој очекува дека до 20 овој месец ќе трае туристичката сезона во Охрид бидејќи голем број на настани и забави ќе се случуваат како и за време на овој викенд, со цел да се привлечат повеќе туристи. Секоја година за 2 Август хотелското и приватното сместување е преполно, но тоа не е добро бидејќи сезоната не трае само два три дена, по овој викенд градот почна да се празни, околу 80 отсто од туристите веќе се заминаа...
Со малку задоцнет туристички бран, Охрид за време на продолжениот викенд го посетија повеќе од 30.000 гости, изјави Гоце Симоновски, раководител на секторот за економски развој и туризам во Охрид.
„Хотелските објекти и приватното сместување во текот на викендот беа целосно исполнети, имаме најави на странски туристи од Холандија, Србија, Турција, Црна Гора. Во август очекуваме зголемен број на туристи во споредба со месец јули“, рече Симоновски.
Тој очекува дека до 20 овој месец ќе трае туристичката сезона во Охрид бидејќи голем број на настани и забави ќе се случуваат како и за време на овој викенд, со цел да се привлечат повеќе туристи.
„Секоја година за 2 Август хотелското и приватното сместување е преполно, но тоа не е добро бидејќи сезоната не трае само два три дена, по овој викенд градот почна да се празни, околу 80 отсто од туристите веќе се заминаа“, изјави Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.
Според Танески главната причина за слабата туристичка сезона се должи на лошо одработен маркетинг и менаџирање за развој на туризмот.
„Летната сезона, која се пресметува од јуни до средина на август, оваа година е полоша дури и од 2001 година кога во Македонија имаше конфликт, бидејќи летниот период не се пресметува само за овој викенд и наредниот“, рече Танески.
Според податоците на Државниот завод за статистика во јули минатата година имало околу 50 илјади посетители, а во август 52 илјади.